Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, на прес конференција соопшти дека Иран го лажел светот за својата нуклеарна програма и дека никогаш не престанал да развива нуклеарно оружје. Доказ за тоа се илјадниците скриени документи за нуклеарната програма на Иран до кои дојде Израел, рече Нетанјаху.

Тој обвини дека Иран развивал нуклеарна бомба пет пати посилна од таа што беше фрлена во Хирошима во Втората светска војна, со можност за поставување на балистички ракети, и дека тоа го правел и по склучениот договор за запирање на нуклеарната програма во 2015 година.

Според израелскиот премиер, доказите дека Иран развива нуклеарно оружје ги потврдиле и САД.

OhridNews