Локална агенција за развој, Струга во соработка со Факултетот за туризам и угостителство- Охрид, Центарот за развој на Југозападен плански регион, Кластерот за туризам и ГИЗ, од 19- ти до 29- ти март, ќе организира обука за тренери од областа на рурален туризам.

Обучувачи ќе бидат врвни израелски експерти од оваа област.

По завршувањето на обуките, на кои ќе имаат можност да присуствуваат претходно избрани  учесници, секој од нив ќе добие сертификат од Израелска агенција за интернационална соработка и развој – MASHAV.

OhridNews