– Среќен сум што ја реализирав посетата на овој универзитет, каде разговаравме за повеќе прашања, меѓу кои и за размената на студенти и професори. Меѓу другото, ја покренавме и идејата за креирање на Билатерален научен фонд меѓу двете земји, а ќе се заложам и за воспоставување на што поголем број контакти со познати израелски компании од областа на информационо комуникационите технологии. Сметам дека ваквите контакти се една добра основа за идна заедничка соработка на повеќе полиња, истакна по посетата израелскиот амбасадор Коен.
Ректорот на УИНТ Проф. Д- р Данчо Давчев го изрази своето задоволство од денешната посета .
– Амбасадорот изрази желба да го посети овој Универзитетот Св. „Апостол Павле“ кој пред се е ориентиран кон високите технологии, информационо комуникационите технологии и науки кои се развиени и популарни во Израел, каде има многу познати компании и универзитети токму во оваа област. Затоа не е случаен покажаниот интерес на амбасадорот токму за нашиот универзитет. Доколку успешно се реализира идејата за формирање Билатерален научен фонд тоа би било одлично, пред се во поглед на соработката при реализацијата на заеднички истражувачки проекти во кои би биле вклучени и израелски и македонски компании, изјави Ректорот на УИНТ, Проф. Д- р Данчо Давчев.
Како што потенцира Проректорот за настава и меѓународна соработка при УИНТ, Доц. Д-р Устијана Речкоска Шикоска, денешната посета само ја продлабочува и досега успешната соработка со Израел.
– Очекуваме богата академска соработка, како и бројни проекти, меѓу кои и од областа на туризмот. Меѓународната соработка на универзитетот продолжува и понатаму, успешно како и досега и се надевам дека со позитивните резултати кои ги остварува овој универзитет се годее не само градот Охрид, туку и целата земја, истакна Проректор Доц. Д- р Устијана Речкоска- Шикоска.
Таа потенцира дека како резултат на успешната соработка, следната официјална средба помеѓу високите претставници од Израел и Македонија ќе се одржи токму во Охрид.