Претходно, по повод независноста на Државата Израел, израелскиот амбасадор во Скопје организираше прием на кој присуствуваа високи претставници од Државниот врв на Република Македонија, како и претставници од дипломатскиот кор.
Од Универзитетската фела, на приемот кај Израелскиот амбасадор присуствуваа Ректорот Проф. Д-р Данчо Давчев и Проректорот за настава и меѓународна соработка Доц. Д-р Устијана Речкоска Шикоска при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” од Охрид.
Амбасадорот Кохен изрази огромно задоволство за исклучителната соработка со Универзитетот “Св. Апостол Павле” од Охрид, која ќе продолжи и во иднина, потенцирајќи го како единствена високообразовна установа од ваков тип, каде успешно се реализира меѓународната соработка со целиот свет и со Државата Израел, како на наставно – научно, така и на истражувачко поле, со реномирани универзитети и ИТ компании од Израел.