Делегацијата на Европската унија во Скопје изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешното убиството кај селото Смиљковци. Оттаму информираат дека шефот на делегацијата амбасадорот Аиво Орав, е во постојан контакт со македонските власти.

-Запознаени сме дека Министерството за внатрешни работи спроведува детална истрагата, затоа ги повикуваме сите страни да останат мирни и воздржани и да им дадат доволно простор на властите да ги најдат и да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за овој ужасен чин, велат од делегација на ЕУ, пренесува „МИА“.

Телеграма со сочувство до Владата на Република Македонија и до македонскиот народ во која изразува длабоко жалење поради убиството на петте лица кај Смиљковци упати и Амбасадата на САД во Скопје, како и српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Погребот на петмината убиени ќе се изврши денес на гробиштата во општина Бутел која денешниот ден го прогласи за Ден на жалост.

Петкратното убиство крај Скопје е ударна вест во медиумите на Балканот.

OhridNews