Струшкиот Основен суд, попладнево, ги прогласи за виновни обвинетите за случајот Пливалиште- Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески, за сторено кривично дело-  Предизвикување тешки дела против општата сигурност на луѓето. 

Според судот, непрописно монтираната и изведена инсталација предизвикала зголемување на напонот на металната конструкција од летниот шанк , поради што настапила смртта на тројцата стружани Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.

Судот на првообвинетиот Цвете Вранишкоски  му изрече казна затвор од 4 години. Второ обвинетиот Климе Миладиноски доби казна затвор од 3 години и трето обвинетиот Гоце Јанески е осуден на казна затвор од 3 години и 4 месеци.

Согласно законот во казната ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор, а до правосилноста на пресудата им се укинува мерката домашен притвор.

OhridNews