Прославениот ракометар Изток Пуц, почина во САД во 46-та година од животот по тешко боледување.

Златниот хрватски репрезентативец од ЛОИ во Атланта, своевремено настапуваше и за Југославија со која беше бронзен на олимпијадата во Сеул во 1988 година, a пред крајот на кариерата го облече и дресот на Словенија од каде и потекнува.

Пуц почина од рак на белите дробови, само два дена пред натпреварот Загреб – Барселона,. чиј приход требаше да биде наменет за лекување на ракометната легенда.

Изток Пуц зад себе осваи сопруга и 20-годишен син.

OhridNews