ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија во с.Велгошти – крак Буџакоска мала.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф63мм во должина од 187 метри, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци, информираат од претпријатието.
Средствата, посочуваат, во вредност од 443.002,00 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews