Градскиот совет ја заврши расправата за безбедносната состојба во општината, со усвојување на два заклучоци.

По дебатата во која можеа да се чујат различни политички гледишта за тоа кој треба да сноси  одговорност за инцидентите што ја нарушуваат безбедноста во градот, советниците упатија апел за децентрализација на полицијата, односно за формирање локална полиција.

Советниците, исто така, усвоија заклучок да се формира времена комисија при Советот за согледување на актуелните состојби во јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.

Советот не го прифати 6-месечниот извештај за состојбата со јавниот ред и мир и безбедносната во сообраќајот во Општина Охрид, што го поднесе командирот на Полициската станица Охрид, Добре Петрески, со образложение дека тој содржи премногу статитистички податоци. Советниците побараа од изготвувачот следниот извештај да биде поаналитички, за да може да се дискутира по истиот.

OhridNews