Извештајот за причините за падот на претседателскиот „кингер“ е готов, а деталите за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, босанксата комисија ќе ги соопшти во Скопје, јавува „Алфа“.
Телевизијата го контактирала шефот на истражувачкиот тим, Омер Кулиќ, кој потврдил дека извештајот е завршен,а нацрт-верзијата ја испратил во Македонија.
Истрагата за падот на „кингерот“ повторно беше отворена на барање на Македонија,по прибраните дополнителни докази на македонското Министерство за внатрешни работи.
Комисијата за испитување на причините за несреќата, која претходно ја формираше Советот на министри на БиХ, заклучи дека причината за падот на авионот била „процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на мостарскиот аеродром, која доведе до тоа авионот да удри во брдо“.
Во првичната истрага, обвинителството на БиХ за авионската несреќа кај Мостар, во која загина претседателот Трајковски, шест членови на делегацијата и двајца пилоти, не обвини никого, бидејќи немало елементарни докази за покренување на кривична одоговорност.
Покрај претседателот Борис Трајковски, во несреќата загинаа и советниците од неговиот кабинет, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Лозановска, службеникот од МНР, Миле Крстевски, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Велиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
OhridNews