Бакрачески ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа во рамките на своите можности, да ги помогне активностите на најмладиот извиднички одред во градов, како невладина организација која го развива и негува позитивниот однос на најмладите кон природата и татковината.
Извидниците од „Пионер“ го поканија градоначалникот да присуствува на големата извидничка смотра во Скребатно на 20-ти јули и при тоа му подарија извидничка марама со логото на извидничкиот одред.