На ждрепката во просториите на ФФМ извлечени беа 1/4 финалните двојки за националниот фудбалски Куп. Бранителот Тетекс ќе игра против Хоризонт Турново, додека најдобро минаа Вардар и Металург кои ги добија второлигашите Тиквеш односно Локомотива. Напредок ќе игра против Брегалница.


Двојки:

Вардар  – Тиквеш
Хоризонт Турново –  Тетекс
Брегалница – Напредок
Локомотива – Металург


Првите натпревари ќе се одиграат на 20 октомври 2010 во 14.00 часот  , а реванш натпреварите ќе се одиграат на 10 ноември 2010 во 13.00 часот.

OhridNews