По комплетирањето на третата рунда во англискиот Лига куп извлечени беа паровите за следната четвртата рунда која ќе се одигра на 22/23 октомври.
Во 1/8 финалето поинтересни средби ќе бидат дуелите помеѓу Тотенхем – Вест Хем, Свонси – Манчестер Јунајтед и Челси – Евертон.
Полесно во ждрепката поминаа Арсенал и Манчестер Сити кои за противници ги добија Норвич односно Вулверхемптон.
Бранителот на трофејот во Лига купот е Манчестер Јунајтед. До 1/2 финалето во Лига купот се игра еден натпревар по кој мора да има победник.
Двојки:
Тотенхем – Вест Хем
Бристол Сити – Кристал Палас
Свонси – Мен Ју
Арсенал – Норвич
Челси – Евертон
Мен Сити – Вулверхемптон
Лестер – Лидс
Бурнмаут – Мидлзбору
OhridNews