Барселона – Киелце односно Кил Хамбург се полуфиналните двојки во Лигата на Шампиони. Завршницата ќе се одигра во Келн, Германија на 1 и 2 јуни.

Германија доминира во полуфиналето со двајца преставници, а еден од нив сигурно ќе игра во финалето. “Крвникот“ на Металург, Киелце за пласман во финалето ќе мора да ја елиминира Барселона, која пласман во 1/2 финалето обезбеди по победата во двомечот со Атлетико Мадрид.

На конечната табелата македонскиот првак Металург европската авантура ја заврши на седмата позиција, што преставува најдобар пласман во историјата на македонскиот ракомет.

Мх.П.