Извлечени полуфиналните двојки за Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 31.05-01.06 во Охрид.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 31 мај од 17 часот кога се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Пелистер, и од 19:30 часот кога ќе играат екипите на РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.
Финалето ќе се одигра на 1 јуни со почеток во 17:30 часот.
Сите мечеви ќе се играат во салата „Билјанини извори“.
OhridNews