Во англиската престолнина Лондон со ждрепка беа извлечени групите за фудбалскиот турнир кој ќе се одигра на Олимписките игри.

На олимпискиот турнир во фудбал ќе учествуваат 16 репрезентации, а меѓу нив ја нема Аргентина која во 2008 година го освои златниот медал. „Гаучосите“ низ квалификациите не успеаја да се квалификуваат на Игрите.

Домаќинот, Велика Британија ќе се натпреварува во А групата заедно со репрезентациите на Сенегал, Обединетите Арапски Емирати и Сенегал. Мексико, Јужна Кореја, Габон и Швајцарија се наоѓаат во Б групата.

Петкратниот светски првак Бразил, кој никогаш не победил на ОИ е носител на Ц групата, каде партиципираат и Египет, Белорусија и Нов Зеланд. Шпанија (европски и светски првак) во Д групата ќе се натпреварува заедно со селекциите на Јапонија, Хондурас и Мароко.

Олимписките игри во Лондон ќе се одржат од 27. јули до 12. август, додека фудбалскиот турнир ќе започне неколку денови порано.

Ohridnews