Извлекувањето на добитниците на преку 50 награди за учесниците во хуманитарната и спортско рекреативна акција на Црвен крст „За посреќно детство“ ќе се изврши на 29.10.2018 година во 20 часот и ќе може да се следи на следниот линк: https://youtu.be/o9GwppNU5IQ
– Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://youtu.be/o9GwppNU5IQ. Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата, информираат од Црвен крст.
Дел од собраните средства во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во висина од 30.000 денари ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Сара Настеска од Охрид.
OhridNews












