Извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши во понеделник, 27 октомври, во 19 часот.

Доколку биде извлечен бројот на вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик, информираат од Црвен крст Охрид.
Воедно, упатуваат благодарност до сите кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција.
OhridNews











