Владимир Четкар деновиве имаше два одлични настапи во Роквуд Мјузик Хал во Њујорк и Регатабар во Бостон, еден од најпознатите џез клубови во Америка.

На Њујоршкиот концерт на Четкар присуствуваше како гостин и легендарниот диско артист Диси Лару, еден од највлијателните музичари во 70-тите години и чија музика до ден денешен е инспирација за музичарите.  Многу е интересно што Диси Лару кој е еден од музичките идоли на Четкар себеси се декларира како еден од најголемите фанови на Четкар.


Извонредни настапи на охриѓанецот Четкар во Њујорк и Бостон

OhridNews