Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, викендов, реализираше еко-акција за чистење на изворите во Св. Наум. Од изворите беа извадени чаши, чинии, шишиња, капачиња и друг ситен отпад.

Изворите во Св. Наум прв пат се чистат после 50-тина години. Чистењето беше неопходно, бидејќи отпадокот не само ја уништува природата, туку и глетката на изворите на реката Црн Дрим, – велат од клубот.

 

Клубот за подводни дејности „Охрид“ кој функционира 36 години со сопствени средства, ресурси и опрема изминатиов период успешно организираше еко-акции во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро и каналот Студенчишта.

Изворите во Св. Наум за прв пат исчистени од сите отпад

 

OhridNews
Фото и видео: Ива Јовановиќ