Здравко Србаковски осуден на доживотен затвор за двојно убиство во Вевчани е првиот осуденик за кого Врховниот суд ги отвори вратите за медиумите и дозволи целосно следење и снимање на јавна седница, јавува „Телма“.

Судењето го водеше претседателката Лидија Неделкова, а во советот беа нејзиниот претходник Јово Вангеловски и други тројца судии. Тие ја слуша приказната на осудениот убиец кој не негира дека убил туку тврди дека бил испровоциран и навредуван. 

На кавгата и нервозарата како и големото количетсво алкохол им претходела банална кавга за уплатено ливче во обложувалница приказна која едиствениот сведок не сакал да ја потврди. Тогаш бил тепан со тупаници за што полицијата му рекла дека може само прекршочни пријави да поднесе но и за него и за тој што го удирал.

Србаковски пред судиите тврдеше дека немал никаква намера да убие дека сите му биле пријатели, но побара наместо доживотен затвор да добие 15 или 20 години со оглед на неговата возраст.

Тој е осуден за убиство пред една година во Вевчани кога со пиштол ги застрела на 23-годишниот Мате Ѓурчески и 43-годишниот Владо Попески сопственик на кафеаната каде се случи убиството.

Судскиот совет констатира дека на седница на Апелациониот суд каде тој барал да биде јавна судот не го повикал ниту него ниту адвокатот, што може да биде и битна повреда на постапката и правата на осудениот. Одлуката судот ќе ја соопшти дополнително. Судењето го следеа и студенти од Правниот факулет.

OhridNews
извор:„Телма“