Претседателот на Основниот суд Охрид, Владо Дејаноски, донесе решение за изземање на Кривичниот совет кој го водеше судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи во август минатата година во центарот на градот.

Како што информираат од судот, до крајот на неделата ќе се конституира нов Кривичен совет и судењето ќе почне одново во Основниот суд во Охрид.

Ова доаѓа по барање на семејството на убиениот за изземање на судијката Милка Танеска која го водеше процесот, поради спречување на медиумите да присуствуваат на почетокот од судењето, омаловажување на јавниот обвинител и на адвокатот на оштетените, како и поради водењето на постапката, односно евидентирање на дадените искази пред судот.

OhridNews