J.П. „Охридски Комуналец“ денес го одбележа патрониот празник “7-ми Ноември“. На пригодна свеченост, на вкупно 14 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”.
Како што веќе информиравме, на патронатот „Охридски Комуналец“ промовираше четири нови возила за потребите на јавните претпријатија кои општина Охрид ги доби преку грант на Светска банка.
Нашето претпријатие доби комбинирана машина ровокопач-утоварувач со која во голема мерка ќе се олеснат тековните обврски. Секојдневно се трудиме нашите услуги да ги подигнеме на повисоко ниво со цел Охрид да стане модерен туристички центар со уредени јавни површини и зеленило. – истакна директот на „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоиски.
OhridNews













