Непознати сторители синоќа ја ограбиле поштата во Вевчани, но не успеале да си заминат со планираниот плен.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, крадците откако го одзеле сефот, го оставиле надвор на отворено, најверојатно откако некој ги забележал. Не успеале да го стават во возилото со кое избегале од местото на настанот.
На местото извршен е увид, а полицијата трага по сторителите.
OhridNews