Охриѓанецот Д.У. (1966) завчеравечер во бутикот „Ричи“ во Охрид, поради нарушени односи ја потурил со солна киселина својата сопруга П.У.(1970), информираше денеска МВР. Од солната киселина, таа не се здобила со потешки повреди бидејќи колешките веднаш ја полиле со вода. Таа има црвенило на лицето, а оштетена и е косата и облеката што ја носела, се наведува во полициското соопштение. На повредената и била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид, при што било пронајдено едно шише солна киселина кое било подигнато за вештачење. Д.У. е приведен во СВР-Охрид и со кривична пријава ќе биде предаден на истражен судија, информираше полицијата.
Охрид е домаќин на 8 Меѓународен хорски фестивал кој се одржува од 20-ти до 25-ти во организација на ТSM – TURKISH MUSIC CHOIRS FESTIVAL од Анкара, Турција Во рамки на фестивалската програма, утре ...
Потребна е поголема вклученост на институциите на локално и национално ниво во поглед на заштитата на културно-историското и природно богатство Законите да се применуваат, да се санкционира, но и д...
По повод празнувањето на Светите Сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј, во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник, ќе се служи Света Архиерејска Литургија на која ќе ч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.