Одборот на НЛБ лигата потврди дека во 2011/2012 сезона ќе настапат 14 екипи. Лигата ќе почне на  осми Октомври, а е предвидено да се играат 26 кола, и да заврши на 17 Март.

Во Јадранската лига, во која за прв пат нема да има тимови кои излегуваат на Јадранското Море, и годинава ќе нема македонски преставник. Во игра беше скопски МЗТ но поканата место за Македонија замина за Израел кај Макаби.


Во овогодишното издание ќе настапат Олимпија, Крка, Хелиос, Златорог (поранешен Пивоварна Лашко), од Словенија, Партизан, Хемофарм, ФМП, и Раднички од Србија, Широки од Босна и Херцеговина, Загреб, Цибона,и Цедевита од Хрватска, претставник на Црна Гора е Будуќност, и Макаби од Израел.

Годинава во лигата нема да се натпреваруваат некои од најголемите имиња во југословенската кошарка како што се Црвена Звезда, Сплит, Задар и Босна.

Јадранската лига започна да се игра од сезоната 2001/2002, првиот првак беше Олимпија, потоа Задар, ФМП двапати , Хемофарм, додека Партизан е шампион во регионалното натпреварување во последните пет години.

Финалниот турнир на 11 издаение на НЛБ лига ќе се игра во април, а најверојатно ќе биде организиран во Тел Авив.

Ohridnews