Јагма за насоката Безбедносност и финансиска контрола на ФТУ – Охрид
28.08.08 00:30
На Универзитетот „Св. Климент Охрдски“, поголем број кандидати од слободни места има за Полициската академија во Скопје. Таа располага со 280 места, а пријавени се 348 кандидати. Академијата со своја програма е присутна и на Факултетот за туризам и угостителство ( ФТУ) во Охрид, каде во новата академска година е предвиден смер безбедносност и финансиска контрола за кој исто така постои голем интерес.
Во првиот уписен рок кој штотуку заврши на ФТУ – Охрид се пријавиле 505 кандидати. Годинава факултетот предвидува да запише 520 нови студенти, кои покрај споменатата насока, ќе можат да се одлучат и за студиските програми по туризам, царина и шпедиција, осигурување,
гастрономија и хотелско-ресторантски менаџмент.
Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат
објавени наредната недела. Вториот уписен рок е на 15 и 16 септември, а
евентуалниот трет уписен рок, доколку за тоа има потреба ќе се одржи на
6 октомври.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“ Врнежи од снег со променлив интензитет...
Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот Особ...
Д-р Виолета Мојсовска Наумоска од Кардиолошкиот центар „Св Стефан“ – Охрид во Минхен ја доби престижната европска стипендија за едукација и професионална надградба Овој успех не е само личен, туку ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.