– Живеев за тој ден кога ќе го облечам дресот на кој е грбот на Македонија. Мојот сон, конечно, се оствари. Играм за мојата земја. Дали сум муслиман или православен, јас си ја сакам оваа земја каде што сум се родил и каде што пораснав. Тоа сигурно знам дека никој не може да ми го одземе. Те сакам, Македонијо – стоеше во пораката на “Фејсбук.
Корпулетниот напаѓач во победата над Данска не се запиша во листата на стрелци, но тоа го направи на дебитанскиот натпревар за Македонија на дуелот со Словенија.