Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска и фудбалер на Манчестер Сити, Јаја Туре, е прогласен за африкански фудбалер на годината, во изброт на континеталната конфедерација.


Јаја Туре доби најмногу гласови од селекторите на националните репрезентации, кои се членки на Фудбалската конфедерација на Африка (ЦАФ).

Фудбалерот од средниот ред на Мначестер Сити, во изборот победи пред Андре Ајев, репрезентативецот на Гана и член на Олипик Марсеј и првотимецот на Барселона, репрезентативецот на Мали, Сејду Кејта.

Јаја Туре е вториот фудбалер од Брегот на Слоновата коска кој ја добива престижната награда, претходно на двапати неа ја добиваше Дидие Дрогба.
“Макфакс“
Ohridnews