Јакимоски стрела во Албанија. Првенец на Толески во Германија.
03.04.07 00:33
Во зимскиот преоден рок фудбалерот на Илинден, Александар Јакимоски – Цанко одлучи да ја промени средината и да ја проба својата среќа во албанскиот суперлигаш Аполониа од Фиер. По адаптацијата во новата средина Јакимоски е редовно меѓу првите единасетмина, а довербата на тренерот Андреа Марко му ја возврати со одлична игра на последниот натпревар против Шкумбини кога постигна гол и асистираше во победата од 3-1. Во адаптирањето на условите и животот во Албанија од огромна помош се неговите соиграчи од Илинден.
„На стартот имав доста проблеми со адаптација бидејќи ова за мене е прво интернационално искуство. Во секој случај не е сеедно дали играш во својата или во друга земја, но во клубот не` има повеќемина, а најмногу ни помага Суад Зендели,“ вели Јакимоски.
На 8 кола пред крајот Аполонија се наоѓа на последното место со 3 бода зад Шкумбини. За фудбалот што се игра во Албанија вели дека не е многу различен од оној кај нас, но Цанко потенцира дека натпреварите во Албанската супер лига се играат пред полни трибини што во секој случај е мотив повеЌе .
„До крајот има уште многу бодови во игра, а противниците во борбата за опстанок ни доаѓаат дома каде натпреварите ги играме пред 3-4 илјади публика.“
Јакимоски во Аполонија ке остане до крајот на 6 месечниот договор. „Се надевам на опстанокот со клубот, а потоа ќе видиме,“ вели тој.
Гоце Толески го постигна првенецот во Втората бундес лига. Охриѓанецот беше еден од најзаслужните за убедливата победа на Бургхаузен кој на домашен терен ја “прегази” екипата на Унтерахинг со 4:1. Толески на овој натпревар одигра 25 минути, а успеа да запише во листата на стрелците, но учествуваше во акциите при постигнувањето на уште два гола.
“Гастарбајтерот” од Македонија, како што го нарекуваат во Бургхазуен, во игра влезе во 65. минута при резултат 1:1. По две минути игра неговиот тим поведе со 2:1 со голот на Ангер, кој беше проигран токму од нашиот интернационалец. Толески во 77. минута со одличен удар од околу тринаесетина метри зголеми на 3:1. Со оваа победа на Бургхаузен се зголемија шансите за опстанок.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 0,50 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1)...
Забраната за употреба на вода за пиење во Струга продолжува, додека дозволена е да се користи како техничка, информираат надлежните Од ЈП Водовод и Канализација Струга денес посочуваат дека граѓани...
Заштитата и обновување на екосистемите, зачувување на биолошката разновидност, како и промовирање на одржливи практики се во фокус на активностите кои ги реализира организацијата „Биодиверзитет за ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.