Јакнее партизацијата на државата-обвинува општина Охрид
03.11.08 13:11
Поднесувањето кривични пријави против градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид од страна на Министерството за транспорт и врски беше причина за денешната прес-конференција во Општина Охрид.
„ Во име на градоначалникот сакам да кажам дека споменатата кривична пријава ја толкуваме како обид на централната власт за заплашување на локалната власт и истовремено како порака од централната власт до советниците и граѓаните на Охрид дека јакнее партизацијата на државата“, рече портпаролот во општината, Никола Маневски и додаде дека кривичната пријава не е ништо друго туку упад во правниот систем на Македонија и анулирање на државните институции. „Самото министерство како правен лек во одлуката за одземање на согласноста посочува правна поука-општината да се жали во рок од 15 дена до второстепената комисија. Истото тоа министерство во рокот кога трае жалбената постапка поднесува кривична пријава што значи за тоа министерство нема никакво значење правниот лек и второстепената комисија“ потенцира Маневски.
Во член 43 точка 3 од Законот за локална самоуправа децидно стои дека членот на советот не може да биде повикан на кривична одговорност и да биде притворен за искажано мислење или гласање на советот. Тоа доволно кажува дека со кривичната пријава сака да се постигне притисок врз советниците да гласаат онака како што сака централната власт“, изјави претседателот на општинскиот совет, Владо Чингоски.
За тоа како дојде до изгласување на Одлуката за деталниот урбанистички план за урбата заедница 8, урбан блок 8.3 Чингоски рече дека со Генералниот урбанистички план воопшто не е предвидено дека оваа зона е заштитена. „Генералниот урбанистички план е донесен без никакви забелешки од Управата за заштита на културното наследство и од Заводот и музеј- Охрид“
Тој објасни дека на 21 октомври Министерството за транспорт и врски испратило известување по пошта со кое што се огласува за ништовна согласноста која што е дадена од страна на министерството а по барање од Управата за заштита на културните споменици. Според него, пратката не е добиена благовремено. „Официјално, ова го добивме на 25 октомври, еден ден по одржувањето на седницата“ објасни Чингоски и најави дека членовите на општинскиот совет наскоро треба да излезат на прес-конфренција.
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.