Македонската трпеза е незамислива без луто пиперче, но свежи чили пиперчиња во ова време се вистинска реткост. Овие пиперчиња потекнуваат од Јужна Америка, а за родна земја се смета Перу. И припаѓаат на групата Capsicum Baccatum, чили пиперчиња, но не премногу лути. Интересно е што може да се оплодуваат и сами, додека плодот доживува различни варијации, како во форма така и во големина.
Во поново време според изгледот најчесто се срекаваат како Jamaican bell – Јамајканско ѕвонче. Во Јужна Америка се употребуваат во секојдневната исхрана, а полека влегуваат и на менито на охриѓани.