Во рамките на 5-тиот меѓународен форум „Транспорт на Русија“ кој се одржува во Москва, Министерот Јанакиески ги повика руските авиопревозници да почнат да оперираат од македонските аеродроми, објаснувајќи ги поволните услови кои ги има Република Македонија со модернизацијата аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот во Охрид „Св. Апостол Павле“.

Во рамки на форумот Јанакиески оствари билатерална средба со Министерот за транспорт на Руската Федерација, Игор Е. Левитин, на која беше потпишана Спогодба за соработка во областа на железничкиот сообраќај.

OhridNews