Јанакиески ги прецизира деталите за автопатот кон Охрид
28.11.12 07:00
Изградбата на автопатот од Кичево до Охрид и патот Охрид – Св. Наум, се приоритетни инфраструктурни проекти што треба да се реализираат преку соработка и поддршка со Владата на Народна Република Кина. – изјави вчера Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при потпишувањето на меѓудржавниот договор со Амбасадорот на НР Кина.
Ресорниот министер ги прецизира детали за оваа инвестиција, а паралелно ќе се работи на изградбата на сите планирани делници. „Најбргу може да се почне со автопатот Миладиновци – Штип за кој веќе е изготвен финален проект. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево – Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти, а за патот Охрид – „Св. Наум“ во наредните две години, Агенцијата за државни патишта треба да изготви проектна документација.“ – потенцира Јанакиески.
Делниците низ земјава ќе бидат финансирани преку кредитни линии од кинеската влада, а дел од 10-те милијарди евра наменети за развој на Југоисточна Европа, ќе бидат искористени во овие проекти. „Владата на НР Кина најави фонд од 10 милијарди евра наменети за развој на земјите од Југоисточна Европа, со цел развој на инфраструктурата. Дел од тие пари ќе бидат искористени за патот Миладиновци-Штип, а во иднина ќе бараме друг начин на финансирање. Во случајов се работи за многу поволно кредитирање од кинеската Ексим банка, а динамиката на тие проекти ќе биде согласно Стратегијата за надворешниот долг на Република Македонија.“ – истакна Јанакиески.
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.