Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на денешната отворена седница на Владата, информира дека кинеската компанија собира понуди од домашните изведувачи за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево – Охрид.
– Кинеската компанија собира понуди од домашните изведувачи, согласно договорот да бидат 49 отсто македонски изведувачи. Се прави организација на терен. Она што следи е одобрување и потпишување на договорот на средства и во првиот квартал од 2014 да започнат градежните работи, истакна Јанакиески.
На седницата беше информирано дека јавното претпријатие за државни патишта заедно со локалните самоуправи во текот на годинава има изградено 145 километри локални патишта во вредност од околу 800 милиони денари, меѓу кои е и делницата Струга – Дебар.
OhridNews