Долго најавуваниот магистрален пат од Охрид кон ГП „Св. Наум“, наскоро ќе биде проектиран, по што ќе започнат активности за реализација на овој патен правец, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Проектот е во завршна фаза. Склучен е договор до проектанста куќа и истиот треба да биде готов оваа или во текот на наредната година, по што ќе може да разговараме за динамиката на изградба, која пак ќе зависи од динамиката на изградба на туристичките развојни зони.-рече Јанакиески.


Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески

Лошата инфраструктура е еден од најголемите проблеми на Охрид како туристичка дестинација. Градот не е автопатски поврзан со внарешноста на земјата, ниту со соседните држави, а локалната патна мрежа кон познатите туристчки места исто така не е на завидно ниво. Подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде приоритет во наредниот период најави локалната самоуправа која во оваа насока очекува поддршка од централната власт.

OhridNews