Меѓу приоритетните цели на Владата е да се води отворен дијалог за состојбите на медиумите, како и за можните начини за промовирање на културата на дебатирање, слободата на изразување и независни медиуми, преку согледување на добрите практики во Европа, изјави министерот за транспорт и врски, истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во своето обраќање до присутните на  конференцијата  „Култура на дебатирањето, слобода на изразување и независни медиуми“ која денес започна во Охрид.

Тој додаде дека стратешки приоритет на Владата е полноправното членство на Македонија во Европската унија што подразбира преземање на неопходните реформи што се во насока на воведување на европските стандарди во државата.

– Во процесот на реформи, слободата на изразување и независноста на медиумите е висок приоритет на оваа Влада, што се потврдува и со вклучувањето на оваа област во предпристапниот дијалог на високо ниво, како нов механизам кој се воведува во односите меѓу Република Македонија и Европската унија, рече Јанакиески.

Конференцијата е организирана во соработка на Министерството за транспорт и врски со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и фондацијата „Конрад Аденауер“.

OhridNews