Граѓаните да не го чекаат последниот ден за да поднесат барања за легализација на дивоградбите, бидејќи сериозно размислуваме да не се продолжува рокот кој истекува на 3 септември и да има парични санкции за тие што нема да поднесат барање согласно Законот, изјави денес министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
– Сериозно размислуваме да не го продолжиме овој рок и да има парични санкции за лицата кои не поднеле барање согласно законот, бидејќи самото поднесување на барањето не е подолго од три минути. Ги повикувам сите градоначалници да формираат тимови, кои од куќа во куќа, од фирма во фирма, на терен, дополнително ќе им го објаснуваат процесот на граѓаните и ќе им помагаат за тоа, рече Јанакиески.












