Поранешниот фудбалер на Вардар, Работнички и Ренова, Бобан Јанчевски, кој моментално настапува во составот на Македонија Ѓорче Петров во победата над Охрид 10-2 постигна шест голови што веројатно преставува рекорд во Втората македонска фудбалска лига.

Тој гол серијата ја започна уште во втората минута, а до крајот на полувремето постигна уште два погодоци. Во продолжението од мечот на “Атина Бојаџи“, “јанкер“ стрелаше уште три пати и стигна до бројката шест. Корпулетниот центарфор имаше уште шанси, но застана на шест погодоци.

– За ова мое достигнување заслужна е целата екипа, која ми создаде толку прилики за голови. Мечот со Охрид повеќе наликуваше на тренинг него на првенствен натпревар, но головите и бодовите се бројат –
рече Јанчевски.

Македонија уште во следното коло може да го осигура пласманот во Првата лига ако триумфира со Еуромилк.

– Од нас зависи како ќе се одвива понатамошниот тек на првенството. Со победа на Еуромилк 90 % сме прволигаши и нема да дозволиме да ја прокоцкаме таа шанса – заврши Јанчевски.

Мх.П.