Одвивањето на сообраќајот по улицата Јане Сандански е безбедно и поради тоа сообраќајниот режим од денес е вратен во првобитна состојба, велат од Фондот за комунален развој и патишта. 


Наша екипа беше на лице место и утврди дека постојат услови за нормално одвивање на сообраќајот. Изведувачот на градежните работи ги има исполнето барањата на градежниот инспекторат за изградба на потпорни ѕидови кон улицата, а во рамки на објектот чија изградба е во тек, вели Зоран Шикалески, раководител на ова одделение.


На почетокот на овој месец, едната коловозна лента на Јане Сандански беше затворена за сообраќај поради безбедносни причини, одкако беше утврдено пукање на тротоарот и издвојување за околу два сантиметри поради изведување на градежните работи. Ваквиот чекор беше превземен со цел да не дојде до несакани последици и дополнително оштетување на тротоарот или евентуално коловозот, поради движењето на тешки товарни возила и автобуси.

OhridNews