Јане Велковски имаше ексклузивна и несекојдневна можност да се дружи со Луис Фиго и Ерик Абидал во пресрет на финалето помеѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј кое се одигра во Лион и заврши во корист на шпанците (3-0).

Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија е дел од проектот „Еднаква игра“ на европската куќа на фудбалот (УЕФА). Тој беше главна ѕвезда во специјалната фан зона, а УЕФА од дружењето на Јане со Фиго и Абидал сними специјално видео.

Неодамна, Јане и неговата фамилија имаа ВИП третман на Олд Трафорд и дуелот на Манчестер Јунајтед со Севиља во Лигата на Шампиони го проследија на трибините помеѓу легендите на англискиот клуб, со што го крунисаа пријателството со францускиот репрезентативец Пол Погба. 

OhridNews