На 9-годишниот Јане Велковски од Скопје му се исполни големата желба да се запознае и дружи со мега ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Јане Велковски, неговиот помал брат и двајцата родители беа специјални гости на Погба на дуелот со Севиља во рамките од Лигата на Шампиони.
Јане кој боледува од мускулна спинална атрофија заедно со Погба се заштитни лица на програмата „Eguqal game“ од УЕФА која ги подржува лицата со ретки болести.
Малиот херој мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља го следеше од ВИП ложата со братот и мајката на Погба, а по завршување на мечот Јане имаше интервју за клупската теливизија на Манчестер Јунајтед.
OhridNews