Фудбалерите на Вардар имаа непосакувано деби во фазата по групи во Лигата на Европа, откако на домашен претрпеа висок пораз од Зенит 5-0. Русите во целост ја искористија згрченоста на „црвено црните“ на стартот од мечот и постигнаа два брзи голови кои го скршија нашиот шампион.

– Натпреварот го почнавме што се вели со негатива. Брзо примивме гол, кој што не смеевме да го примиме гол. И кога така ќе се почне, требаше одново да ја градиме играта, а немавме ден. Несреќата да биде таква, примивме уште еден гол кој дополнително ни ја отежна работата. После 0:3 во соблекувалната реков дека мора да се вратиме од почеток, односно средниот ред и нападот да ги имаме поблиску. Во второто полувреме добро почнавме во првите 15 минути, не можам да кажам дека правевме шанси, но имавме неколку закани, удари. И во тој момент кога мислевме дека ќе се вратиме во игра со евентуален гол, ние примаме уште еден гол. Направивме последна измена, и тој се повреди, и покрај резултатската негатива, ние имавме и хендикеп на теренот. Мислам дека подобриот тим денеска победи заслужено. Треба да извадиме поуки од овој натпревар и да ги корегираме грешките, и на следните мечеви да ни се случуваат вакви работи. Друга работа е што многу од нашите играчи немаат вакво искуство како ова вечерашното. Но, има уште пет натпревари на кои ќе мора да покажеме подобра организација и да почнее да освојуваме бодови. – рече тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на пресконфенрецијата.

Во втората рунда македонскиот шампион гостува кај норвешкиот првак Розенборг, кој претрпе убедлив пораз од Реал Сосиедад во Шпанија.

ЛЕ: Зенит ги однесе бодовите од Скопје (видео)

OhridNews