Пред нас имаме претседателски и парламентарни избори на кои сите треба да ја покажеме подготвеноста, посветеноста и вистинската желба да се одлучува, да се работи и сработи за доброто на градот Охрид, за доброто на нашата држава Македонија, за доброто на својот народ, истакна советникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Ангел Јанев .

– Насоката  е единствена: создавање подобра иднина, домаќинско работење и водење сметка за граѓаните. Отчетност.Од другата страна  ја имаме партијата,  СДСМ: за 8 годишното владеење со Охрид,  СДСМ како партија покажа и докажа дека нема ниту волја, ниту капацитет да води град,или држава. Партија која сега залудно се обидува да ги убеди граѓаните на Охрид дека сите други се виновни за Охрид, дека сите проблеми биле од порано. Начинот на нивното управување содржан преку примерите и фактите за неодговорно владеење покажува  дека СДСМ не е никаква опција за иднината на Македонија, рече Јанев.

Јанев потсети на дел од износите исплатени за репрезентација на претходната локална власт, меѓу кои и износот од почетокот на 2013 до 4- ти април 2013, во висина од 1.341.943 денари.

– Ова е примерот, еден од многуте, како СДСМ се однесувал и се однесува  кон средствата на граѓаните на Охрид, како СДСМ практикувал владеење и што за СДСМ значи да се биде на власт. Ова е примерот да се трошат, потрошат и преттрошат парите на граѓаните на преубавиот Охрид за луксузи и сопствен хедонизам. Таков СДСМ не е потребен ниту на  Македонија, ниту на градот Охрид, рече Јанев.

Тој додаде дека граѓаните на Охрид знаат да ја направат и да ја видат огромната разлика.