Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на продолжението на Комисијата за политички систем на којшто се разгледува Извештајот од работата на Специјалното обвинителстото за последните шест месеци, продолжија со дискредитација на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а пратениците од опозицијата ја храбреа да продолжи со својата работа и бараа да каже со какви проблеми се соочува.

Додека Јанева одговараше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано дофрлаа, а Јанева ги слушаше прашањата на слушалки, најверојатно за да може подобро да се концентрира и постојано запишуваше.

Капацитетите на Јанева за да се справи со должноста којашто ѝ е доверена, кога ќе открие од каде лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги добил прислушуваните материјали, беа дел од прашањата на пратенцитие на ВМРО-ДПМНЕ, а пратенците од СДСМ ја прашуваа со какви проблеми се соочува.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја праша Јанева дали во своето работно искуство водела случаи во којшто имало органзииран криминал, изборни измами и големи случаи, предупредувајќи ја дека сега ќе се соочува со вакви преизвици.

„Внимателно го слушав господинот Милошоски исто како што го слушав во прислушуваните разговори. За моите капацитети нека каѓе мојот колега, Зврлевски, кој ми беше шеф“, рече Јанева додека врлевски седеше до нејзе, но тој не се одзва на нејзиниот повик.

Пратеникот, Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Јанева кога СЈО ќе открие кој, како и зошто прислушувал и од каде му се материјалите на Заев. Јанева апелираше судот што побрзо да судот да го закаже рочиштето за „Пуч“ за да се открие кој и зошто прислушувал во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година.

„За да се открие кој, како и зошто прислушувал, треба да почне случајот ‘Пуч’, бидејќи тоа е наш приоритет. Минатото рочиште се одложи само затоа што не беше присутен еден поротник, иако за вакви случаи треба да има замена. Јас го молам судот да го закаже рочиштето на 1-ви октомври и да не одолговлекува за месец ипол, бидејќи тоа е неразумен временски период“, рече Јанева.

Пратеникот на СДСМ, Љубомир Јосифовски, пак, застана во одбрана на Јанева и рече дека не е додјена да биде оратори, и побара Јанева да каже со какви проблеми се соочува во нејзината работа.

Таа уште еднаш го спомена нивниот приоритет, да се открие кој прислушувал. „И јас сум разочарана од нашата работа која оди многу бавно. Ни требаше една година да се преелиме во нашите простории. Имавме пречи од судот за случајпот „Пуч“. Две недели ги скениравме и ги фотокомиравме доказите од ‘Пуч’“, рече Јанева.

Според пратеникот од НСДП, Горан Мисовски СЈО е единствената институција која не може да ја контролира поранешниот премиер Никола Груевски и му забележа на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, заради тоа што не повел ниедна постапка по објавувањето на прислушуваните разговори.

Расправата во Собранието за Извештајот трае два дена, а во понеделник се очекува истиот да се разгледува на пленарната седница.

OhridNews
извор: „Макфакс“