Прв пат по осамостојувањето нашата земја во името на Вардар ќе има свој преставник во фазата по групи во Лигата на Европа. „Црвено црните“ пласман во групите од најмасовното клупско натпреварување на стариот континент обезбедија елиминирајќи го Фенербахче со вкупен резултат 4-1.
Вардар победата (2-0) во Скопје ја капитализираше со нов триумф (2-1) над скапите ѕвезди од Фенербахче пред 40 000 гледачи на „Шукру Шалачоглу“ стадионот.
– Вардар две години по ред беше блиску до пласман во групна фаза, и еве успеа оваа година. Знаевме дека вака ќе игра тимот на Фенербахче, и затоа трениравме и се подготвувавме. Имавме и шанси во првиот дел да дојдеме до гол, знаете после онаа шанса на Барсегјан. Во вториот дел после водството на противникот знаевме дека ќе имаме шанса преку проивнапади, и тоа се случи. Дадовме гол, а на крајот и уште еден за оваа голема победа. Ова е голема вечер за нас, историска затоа што го направивме најголемиот успех. Ова е успех на Вардар и на целокупниот македонски фудбал. – изјави Чедомир Јаневски после натпреварот.
„Црвено црните“ противниците во фазата по групи ќе ги добијат денеска после ждрепката која е закажана за 13 часот.
OhridNews