– Бевме
сведоци на добар и интересен натпревар исполнет со пет голови
– посочи селекторот
Чедомир Јаневски и додаде – Како
селекција напредуваме чекор по чекор.  На
мечот со Словенија видовме фудбалери кои досега не добиле шанса за настап во
националниот дрес.  Во иднина ќе имаме
повеќе избор за сите места во репрезентација
– истакна Јаневски.


При водство од
2-0 и 3-1, македонската одбрана потклекна пред притисокот.  Што за селекторот Јаневски е недопустливо.

   Вака
е недозволиво да се примаат голови. Ние наместо рутински да го финишираме мечот
и да победиме, им даваме крила и можност за поволен резултат на нашите противници
– потенцираше Јаневски.

После победата
над Словенија од 3-2 која котира 34 места погоре на ФИФА ранг листата од “црвено жолтите“, селекцијата на Македонија ја очекува нов
скок од неколку места.

Мх.П.