Актуелниот првак во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед со пресврт стигна до трите бодови против Хул во првиот натпревар од 18-то коло кое се игра на „Боксинг деј“.
– И на мечот со Хул го покажавме нашиот тимски дух, одлични перформанси и заслужено го освоивме бодовите. Секогаш е тешко да се вратиш од два погодоци негатива, но Манчестер Јуанјтед е екипа која што не ги наведнува главите после едно полувреме – потенцраше Јанг, кој беше стартер на мечот со Хул.
Покрај победата екипата на Јунајтед е прва која на „Боксинг деј“ успеала да направи пресврт од 0-2 и да се радува на крајот.
Мх.П.