Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Игор Трајкоски, министерката за внтарешни работи Гордана Јанкулоски и пратеникот Александар Николоски, вчера го посетија селото Лешани. Притоа тие остварија средба со локалното население и се информираа за проблемите со кои се соочуваат жителите на општина Дебрца, која, како што беше нагласено, не се развива според очекувањата иако има добра местоположба.

-Тука сме со граѓаните на Дебрца да ги слушнеме нивните мислења и ставови во однос на проблемите со кои се соочува општината, бидејќи очигледно е дека Дебрца е општина која од страна на претходната локална власт беше целосно запоставена. Токму заради тоа со граѓаните разговараме за проектите кои се составен дел од програмата на кандидатот за градоначалкник на општина Дебрца од ВМРО ДПМНЕ Игор Трајковски, односно неговата понуда за решавање на најгорливите проблеми на населението, бидејќи со таков потенцијал и географски и природен, општина Дебрца заслужва да има подобра локална власт и заслужува да има градоначалник кој што ќе се грижи за жителите.-изјави министерката Јанкулоска.

Покрај средби со населението, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца и високите функционери на ВМРО ДПМНЕ го посетија и познатиот манастир Сисвети во Лешани.

На 7-ми април во Дебрца ќе се одржи вториот круг од локалните избори, на кој ќе се гласа за градоначалник кој ќе ја води општината во наредните четири години. Во трка се кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Игор Трајкоски и актуелниот градоначалник од Сојузот за иднината Љупчо Којчиноски.

ОhridNews