Минстерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која денеска престојува во работна посета на Охрид, ги потврди информациите за смена во раководните структури на Полициската станица во Охрид, за што неодамна информираше OhridNews.

– Промени има постојано, и понатаму ќе има, тоа е дел од нашиот принцип на континуирано ревидирање на успешноста на организационите единици во министерството за внатрешни работи, штo во крајна линија значи дека оној кој нема да покаже добри резултатите ќе биде сменет и ќе им се даде шанса на други лица кои очекуваме да дадат подобри резултати од нивните претходници. Инаку да, точно е во Полициската станица во Охрид започнат е процес на промени во раководството, односно смена на командирот, изјави Јанкуловска.

OhridNews